Дома

Профил

Развоен и сервисен центар

Брендови

Работа во ЛЕ

Имаме голема енергија, знаење, вештини. Сакаме секојдневно да учиме и напредуваме преку напорна и чесна работа; посветени сме на деловните активности. Применуваме западни методи и принципи на работење.

Не поврзува желбата за деловен успех и континуиран развој, заеднички да го градиме успехот со корисниците и деловните партнери као и максимално успешни во пронаоѓањето оптимални решенија, да бидеме корисни за семејството и општеството.

 

Вработените во Логинг Електроникс.

 

Пријавување за работа


Пет чекори за да се вработите:

 

1.

Потенцијалниот кандидат доставува пријава за работа

Пријавата за работа може да се прати на следните начини:

 

a.       по е-пошта на адресата rabota@loging.mk

b.       по факс на (02) 3244 705

c.        по пошта на ул. Народен Фронт 19а/1/6, 1000 Скопје , со нагласување за вработување

d.       со пополнување на електронскиот формулар на сајтот на Логинг Електроникс

Во првите три случаи вашата пријава за работа треба да содржи молба за прием на работа и куса биографија (анг. CV). Покрај овие два документи корисно е да доставите и пропратни документи како сертфикати,уверенија, копија од возачка дозвола,.........

Го препорачуваме последниот начин на пријавување.

 

2.

Пријавата за работа ја сместуваме во регистер на пријави

Пратената пријава за работа ја сместуваме во нашиот регистер на пријави. При изборот на кандидат најсериозно се земаат во предвид пријавите што стигнале последните 12 месеци.

 

     3.

Барателот на нов колега (соодветниот менаџер во Логинг Електроникс) ги проверува пријавите за работа

Кога ќе има потреба од засилување на тимот, генералниот менаџер или менаџерот на група ги проверува внимателно сите пристигнати пријави за работа. Врз основа на пријавите, менаџерот ги одбира најсоодветните кандидати.

 

4.

Договараме средба со кандидатот за работа за запознавање и понатамошни тестирања

Ако сте влезени во потесниот круг на најсоодветни кандидати за работа, ве контактираме заради одржување на средба на која заемно ќе се запознаеме и ќе изведеме неколку тестирања. Овие тестирања се однесуваат на општи познавања на вештините, искуството и знаењето за соодветното работното место, 

5.

На најсоодветниот кандидат му нудиме услови за работа

На најсоодветниот кандидат за работа во Логинг Електроникс му нудиме работа под одредени услови. Под услови за работа се подразбираат: тип на работа (вработување, хонорарна работа или пробна работа), плата и бенефиции, работно време, работно место заедно со опис на работното место и слично. Ако кандидатот ги прифаќа понудените услови, тогаш со кандидатот потпишуваме договор за работа или писмо за соработка. Ако кандидатот не ги прифати условите тогаш ја продолжуваме постапката со следниот кандидат. Кога слободното работно место ќе се пополни тогаш останатите кандидати ги земаме предвид за наредните слободни работни места.

Пополни пријава сега!

 

 

 

 

 

Работа во ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС

 
 

Огласи

Пријава